2. Обработка на лични податоци при користење на нашата веб-страница
При користењето на нашата веб-страна, вашите посети се логираат во нашиот систем. Во логовите може да ги сочуваме моменталната IP адресата на вашиот уред, датумот и времето на пристап, типот на прелистувач, оперативниот систем на вашиот уред и страниците до кои се пристапува. Ние ги собираме овие податоци со цел да ја оптимизираме и подобриме нашата веб-страна и нашите онлајн услуги. Законскиот основ за обработката на овие податоци се заснова на легитимен интерес, односно нашиот легитимен интерес да ја заштитиме веб-страната и да го подобриме квалитетот на нашите услуги.
Дополнително, при одредени онлајн активности како што се регистрации, анкети, апликации, онлајн нарачки итн, ги чуваме вашите лични податоци кои сте го оставиле во процесот на овие активности. Законскиот основ за обработката на овие податоци се заснова на извршување на договор. Со цел соодветна заштита на овие податоци превземени се низа на мерки меѓу кои: енкрипции, безбедносни лозинки, контрола на пристап, поделба на должностите итн.
а) Формулар за контакт
Доколку сакате да нé контактирате тоа можете да го направите преку формуларот за контакт
www.kingtrade.mk/kontakt/. Личните податоци кои ги оставате преку формуларот за контакт ќе бидат обработени само за да одговориме на вашето барање. Пополнувањето и доставувањето на формуларот за контакт претставува афирмативно дејство со кое ни давате согласност за обработка на податоците од контакт формата.
б) Формулар за нарачка
Доколку сакате да нарачате производ тоа можете да го направите преку формуларот за нарачка. Личните податоци кои ги оставате преку формуларот за ќе бидат обработени само за да одговориме на вашата нарачка. Пополнувањето и доставувањето на формуларот претставува афирмативно дејство со кое ни давате согласност за обработка на податоците од формуларот за нарачка.
в) Колачиња (cookies)
За да го поедноставиме и унапредиме корисничкото искуство на веб-страната, како и за да овозможиме користење на одредени функции, користиме „колачиња“(cookies). Колачиња се мали текстуални датотеки кои може да бидат зачувани на вашиот уред. Дел од колачињата кои ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата во прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат нам или на нашите партнери да го препознаеме вашиот прелистувач при вашата следна посета. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „
Политика за колачиња“.
г) Приматели на податоци
Во процесот на обезбедување на услугите може да користиме услуги од трети компании за обработка на вашите лични податоци. Овие трети компании може да се наоѓаат во земји во и надвор од Европската унија (ЕУ) и Европската економска област (ЕЕА). Ние се осигуруваме дека овие трети компании ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на лични податоци со цел да се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците. Не правиме пренос на лични податоци на други приматели, освен кога сме обврзани со закон да го направиме тоа.
д) Период на чување на податоците
Вашите лични податоци добиени преку нашата веб-страна се чуваат се додека не се исполни целта за која тие биле потребни. Исклучоци од ова правило се случаите кога сме законски обврзани да ги чуваме вашите податоци за целите на доставување на информации до органите на власта, како на пример до финансиските и даночните служби. Во овие случаи мора да се почитуваат периодите на чување на податоците според законските прописи, каде периодот на чување за одредени податоци може да биде 5 или повеќе години. Исто, периодите на чување на податоците може да се продолжи и поради наш легитимен интерес како на пример да се гарантира безбедноста, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични престапници.
3. Вашите права
Како субјект на податоци, можете да нé контактирате во врска со заштитата на податоци со цел да ги искористите вашите права. Вашите права се следните:
• Право да добиете информации за обработката на податоците и копија од вашите податоци;
• Право побарате исправка на неточни податоци или пополнување на нецелосни податоци;
• Право да побарате бришење на личните податоци;
• Право да побарате ограничување на обработката на податоците;
• Право да ги добиете вашите личните податоци во структуириран, вообичаено користен и машински читлив формат и право да побарате пренос на овие податоци до друг контролор;
• Право на приговор на обработката на податоците;
• Право да ја повлечете дадената согласност во секое време со цел запирање на обработката на податоците што се заснова на ваша согласност;
• Право на поднесување на приговор до надлежниот надзорен орган: “Агенција за заштита на личните податоци”