Масивниот паркет одсекогаш бил идеален избор за подови облоги. Различните структури и природни особини на дрвото му даваат уникатност на вашиот под. Зрачи со долгогодишна сигурност и гордост, давајки природна топлина на ентериерот како и естетско доживување. Достапен е во повеќе класи и димензии.
Буковиот паркет прва класа се карактеризира со воедначена текстура на дрвото, со видливи годови со воедначена боја. Во однос на тврдоста буковиот паркет е многу сличен до храстовиот паркет, со тоа што буковото дрво е многу пораспострането во природата па и затоа му е цената пониска во однос на храстовиот паркет. Влажноста на буковиот паркет потребмо е да биде од 8 - 10%.
Бетонската кошулица треба да биде до 2% влажност и кога се поставува паркетот во зависност од лепакот и температурата на воздухот потребно е да одстои од 7 до 14 дена, па потоа да се обработува со стругање.
Рустикот буков паркет може да има дисколоризација, нагласено шаренило и чворови од 3-5mm (многу ретко).